-->
-->
Трагична вест: Исчезнатиот дедо од Карпош загинал во сообраќајка
-->
85-годишниот Душан Трајковски, кој се водеше за исчезнат, починал пред единаесет дена на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, по сообраќајна несреќа која се случила на втори месецов, информираат од полицијата.
Од Министерството за внатрешни работи велат тој бил хоспитализиран и бил во коматозна состојба веднаш по сообраќајката, но по пет дена им подлегнал на повредите.
Починатиот бил на велосипед кога во него удрило патничко моторно возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано 61-годишен скопјанец. Сообраќајката се случила на крстосница од булевар „8-ми Септември“ со улица „Момин Поток“. Од МВР додаваат дека телото е идентификувано дури денеска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка