Трагедија во Прилеп: Пронајдени два трупа, на маж и жена

Два трупа, машки и женски, се пронајдени попладне на две различни локации во Прилеп.
Машкиот труп целосно распаднат е пронајден околу 16 часот покрај Градска река, до оградата од гаражите на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, кон периферијата на Прилеп.
Јавниот обвинител Дамчо Кочоски вели дека го пронашле луѓе кои собираат пластика.
- Машкиот труп е целосно распаднат, останати се само коските. Ниту се знае идентитетот, ниту на која возарст е, а не се знае ни колку време е мртов. Наредена е обдукција за да се утврдат причините за смртта, вели Кочоски.
Попладне на друга локација во градот, е пронајдена мртва жена во куќа на улицата „Алаксандар Македонски“ бр. 171.
Според јавниот обвинитрел Лидија Фалатоска Илиоска, станува збор за жена со иницијали Л.Ј на возраст од 64 години.
- Не се знае колку време жената е мртва, ниту причините за смртта. Таа живеела сама во куќата. Обдукцијата треба да ги открие причините за смртта, вели Фалатоска Илиоска.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
