Трагедија во Охрид - се удави младо момче
Во Охридското езеро денеска се удави едно лице.Неофицијално станува збор за момче од Куманово кое пред малку е пронајдено мртво откако попладнево заедно со друга група на момчиња се возеле на педалинка, а тргнале од плажата Магнус.
Момчето паднало од педалинката.
Во тек е увидот од страна на полициски екипи и се работи на утврдување на идентитетот на лицето, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за Курир.
Охридската полиција пред околу два часа добила пријава дека во водите на езерото кај плажата Магнус исчезнало машко лице откако скокнало во Охридско од пловен објект, по што не се појавило на површината.
Димоски вели дека екипа на езерската полиција веднаш излегла на терен, по што по извршената потрагата било пронајдено безживотно тело на машко лице кое било извлечено од езерото.
Ново на Сител
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени