Свет
26. October 2018 - 15:00

Трагедија во Јордан: 17 ученици настрадаа кога нивниот автобус го однесе водената стихија

Најмалку 17 лица, главно ученици загинаа, а повеќе се водат како исчезнати во Јордан кога нивниот автобус го однесе стихија на западот од земјата, во областа на Мртво море, јави јордснакта цивилна одбрана.

Несреќата се случила на 50 килметри западно од Аман, рекоа властите. Децата според нив, биле на екскурзија и во автобусот имало 37 ученици и 7 наставници. Повеќе лица се водат за исчезнати и потрагата продолжува додека да ги пронајдат.

Јорданскиот министер за здравство Гази ал Забен и официјалните медиуми јавија дека ученциите и нивните придружници ја обилолувале областа близу Мртво море кога силни дождови предизвикале поплави во таа област.

Некои медиуми јавуваат дека најверојатно се урнал патот под автобусот во кој биле.

Израелската војска јави дека испратила елитен тим за спасување и хеликоптери во Јордан на молба на јорданскта влада.

Во соопштението се наведува дека израелската армија почнала да помага во операциите за спасување на јорданските деца во автобус кој се превртел во поплавите.