Трагедија во Бугарија - Седумгодишно дете случајно го уби сопствениот татко во Пловдив
7-годишно дете кое завршило прво одделение и наесен треба да биде второ одделение, по грешка си го убило својот татко. Инцидентот се случил во Пловдив околу 17 часот и 30 минути.
Таткото е полицаец, а несреќата се случила со службеното оружје, на неговото работно место. Некои од неговите колеги биле сведоци на трагедијата.
Окружното обвинителство поведе предистражна постапка. Допрва треба да се именуваат бројни вештачења, а сведоците ќе бидат сослушани.
Од МВР потврдија и изјавија дека министерот за внатрешни работи Калин Стојанов побарал оставка од регионалниот директор на полицијата во Пловдив.
Според МВР, застреланиот е 49-годишниот Николај Филипов. Бил инструктор по стрелање во Специјализираните полициски сили (СПС) во Пловдив. Тој бил еден од најискусните и најобучени млади полицајци.
Инцидентот се случил во зградата на СЈО при Регионалната дирекција на МВР.
Детето раскажало што се случило во присуство на неговата мајка и психолог.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството