-->
-->
Трагедија во Австралија: Мал авион падна врз шопинг центар, петмина загинати
-->

Сите петмина патници загинаа кога мал авион од типот „Бичкрафт“ удри во шопинг центар, веднаш по полетувањето од аеродром во близина на австралискиот град Мелбурн.
- Причина за несреќата бил дефект во моторот на леталото. Малиот авион веднаш по полетувањето од аеродромот „Есенден“ удрил во покривот на трговскиот центар, кој се наоѓа веднаш до крајот на пистата. Во него се наоѓале пет патници и веројатно никој не ја преживеа несреќата, изјави портпаролот на полицијата во Мелбурн, Стивен Лин.
Тој додаде дека инцидентот се случил изутринава, кога трговскиот центар се уште не бил отворен, па затоа нема и други жртви.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
