-->
-->
ТРАГЕДИЈА: Се урна авион
-->

Во близина на националниот аеродром во Мериленд денеска се урна американски бомбардер „Ф-16“, а пилотот успеал безбедно да се катапултира, изјавија неименувани американски претставници.
Тие наведоа дека авионот се соборил југозападно од националниот аеродром во ненаселено подрачје.
Портпаролот на пожарникарската служба Марк Бредли изјави дека пилотот е најден во истото подрачје каде што се случила несреќата.
Евакуирани се жителите од местата што се наоѓаат во близина на подрачјето каде се урнал авионот.
Засега е непозната причината за падот на бомбардерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
