-->
-->
Трагедија: Се удави девојче во надојдената река
-->
Утрово во Дунав се удави 16-годишно девојче од Нови Сад, натпреварувачка од веслачкиот клуб „Данубиус 1885“.
Трагедијата се случи утрово околу 10 часот на тренингот на клубот.
Засега не се познати точните околности како настрадало несреќното девојче.
Неофицијално, тренингот бил во близина на укотвена баржа низводно од Мостот на слободата и таа удрила во неа, по што по превртувањето на чамецот не испливала на површината. Со неа на тренингот биле и другите натрпреварувачки од клубот.
Од утрово трае потрагата по девојчето, а реката ја пребарува белградскиот одред на Жандармеријата.
Според последните информации, телото се уште не е пронајдено.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност