Трагедија: Се удави 19-месечната ќерка на скијачот Боде Милер
Неискажлива трагедија му се случи на славниот американски скијач, олимпискиот победник во спуст, Боде Милер (40). Неговата 19-месечна ќерка се удавила во базен во понеделникот, објави калифорниската полиција.
Емелин Гиер Милер била пронајдена во несвесна состојба во базенот на соседите во Кота де Каза, во округот Оранж, јужно од Лос Анџелес. Трагедијата се случила кога Боде и неговата сопруга Морган биле на прослава кај истите соседи. Малата Емелин Гиер завршила во базенот, а кога била извлечена од водата, за жал, било премногу доцна. Оживувањето, за жал, не успеало, изјавил капетанот на пожарникарите Тони Бомарито.
– Долго се обидуваа – рекол Бомарито.
Боде Милер по несреќата објави порака на Инстаграм, во која наведува дека тој и неговото семејство се „повеќе од скршени“.
„Скршени сме. Нашата мила Еми вчера го загуби животот. Ниту во сон не се надевавме дека ќе искусиме ваква болка. Нејзината љубов и дух никогаш нема да бидат заборавени“, напишал Боде на Инстаграм.
Официјалната причина за смртта на малата Еми сè уште не е утврдена.
Трагедија по трагедија
Ова е втора голема трагедија што му се случи на Милер во последните неколку години. Неговиот брат Челоне, американски сноубордер, во 2013 година умре од напади, кои беа чести по мотоциклистичката несреќа и комата во 2005 година. Боде токму на својот брат му ја посвети бронзата во супервелеслаломот на Олимписките игри во Сочи во 2014 година, каде што им беше сон да настапуваат заедно.
Емелин беше најмала од четирите деца на Милер, кој ги доби со три различни жени.
Боде Милер е најтрофејниот американски скијач со шест олимписки медали освоени во 2002, 2010 и 2014 година, од кои златна од комбинацијата од Игрите во Салт Лејк Сити (2002 година). Исто така, освои четири наслови на светски прваци како и два Кристални глобуси во 2005 и 2008 година.
Скијачката кариера одлучи да ја прекине пред неколку месеци. Во 2012 година се ожени со одбојкарката на песок Морган Бек. Го имаат синот Едвард Милер, роден во 2015 година, една година пред Емелин.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро