Македонија
15. April 2017 - 18:31

Трагедија пред Велигден: Крвава тепачка на Матка, момче усмртено со нож

 
Младо момче денеска е усмртено со нож, во тепачка која се случила на влезот на кањонот Матка. Засега не се познати причините поради кои дошло до тепачката.
-
МВР за „Република“ открива дека лице родено 1998 година при тепачката извадило нож и дирекно го прободел во предел на градниот кош друго младо момче, родено 2000 година, по што нападнатиот починал на лице место.
 
Во тек е истрага за случајот. На местото на настанот веднаш пристигнало возило на Брза Помош, а присутни биле и членови на полициската единица Алфи.