Трагедија на патот кон Велес - едно лице загина
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на автопатот од Скопје кон Велес, несреќата се случила веднаш по првиот тунел во која Н.Т.(69) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над возилото кое излетало од патот и паднало во провалија. Во незгодата од здобиените повреди на самото место починал Н.Т., а со телесни повреди се здобил сопатникот М.Н.(66) од Скопје кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
МВР: Претреси во Скопје, се трага по третиот осомничен за целосно расчистување на убиството кај "Мавровка
-
Луда Мара излеана, блокирани улици од паднати дрвја од невремето во Кавадарци
-
Перински: Проблемите во Скопје можат да се решат уште утре ако Арсовска почне да си ја работи работата
-
Мицкоски: Ќе поднесам тужба за монструозните обвинувања на Петровска
-
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и СДС дозволија мафијашките банди да зајакнат - институциите ќе ја подигнат безбедноста
-
СДСМ: Ново мафијашко убиство во Скопје, неспособниот Тошковски да си даде оставка
-
Ќе се гради нова обиколница околу Кавадарци
-
Влада: Слободан Ивановски нов вд директор во Управата за финансиска полиција, Џеват Селами во Дирекцијата за заштита и спасување