Македонија
18. April 2018 - 10:50

Трагедија на патот кон Велес - едно лице загина

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на  автопатот од Скопје кон Велес, несреќата се случила веднаш по првиот тунел  во која Н.Т.(69) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над возилото кое излетало од патот и паднало во провалија. Во незгодата од здобиените повреди на самото место починал Н.Т., а со телесни повреди се здобил сопатникот М.Н.(66) од Скопје кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје, а по Наредба на Јавен обвинител  телото на починатиот било предадено за обдукција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.