-->
-->
Трагедија на македонските патишта - едно лице загина
-->
Уште една трагедија на патиштата низ Македонија.
- Возило „Ауди“ со битолски регистарски ознаки управувано од Р.Г.(40) од Битола вчера во 20:35 часот излетало од коловозот на стариот пат Ѓавато – Тополчани во близина на туланата во правец кон крстосницата за село Могила при што возачот починал на лице место, соопштуваат од МВР.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
-->
-->
-->