Трагедија каква не се памети во регионот: Дете си играло на гробишта, му падна надгробен споменик и го смачка
Ученик од петто одделение од Основното училиште „Вожд Караѓорѓе“ во Лесковац со иницијали Д.Б. загина денеска на гробиштата Св. Илија додека со братот се бракале меѓу старите надгробни споменици.
Врз него паднал дел од споменик, кој се преполовил и го удрил во глава.
-Кога лекарите од итната помош го донеле детето во Ургентниот центар веќе бил мртов, рече за агенцијата Бета директорот на Општата болница Небојша Димитријевиќ.
Тој рече дека дежурниот лекар бил потресен од сцената која ја видел.
-Главата му беше целосно смачкана. Дежурниот лекар рече дека со ваква сцена во својата пракса не се сретнал, додава Димитријевиќ.
Трагедијата се случила околу 14.30 часот. На самото место имало многу крв, скршен споменик и соседи на детето. Пред куќата во ромското маало Подворце, каде детето живеело со братот близнак се собрале соседите.
-Сите сме во шок, не знаеме како се случи трагедијата. Велат дека споменикот бил накривен, дека мојот внук го закачил и дека тој паднал врз него, рече за агенцијата Бета, дедото на несреќното дете.
Според наводите на луѓето кои живеат карши гробиштата, децатата од тоа градско маало секојдневно си играле и трчале низ гробиштата, и покрај реакциите на вработените во ЈКП Комуналец, кое се грижи за тој објект.
Ново на Сител
-
Заклучоци од седница на Влада
-
Медицински техничар од Србија спаси 4-годишно девојче од Македонија по срцев застој во Неа Врасна
-
Катарскиот премиер се надева дека Израел нема да го искористи примирјето во Иран за да продолжи со бомбардирање на Газа
-
За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти
-
Бројот на жртви во Газа надмина 56.000
-
Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
-
75-годишен дедо почина по службен разговор во полиција во Охрид
-
Богојески заминува од функцијата директор на Национална агенција, ќе раководи со друга институција