Трагедија го потресе светот: Олимписки шампион пронајден мртов

Стивен Холкомб носител на златен медал на Олимписките игри во Ванкувер во 2010 година, беше пронајден мртов во Лејк Плесид, во државата Њујорк. Безживотното тело на 37-годишниот е пронајден во саботата во неговата соба во Центарот за обука за олимпијци.
Олимпискиот комитет на САД ја објави оваа тажна вест, но околностите на причината за неговата смрт се уште не се познати. Холкомб престојувал на подготовките на неговата репрезентација.
Неговата кариера беше обележана со златен медал во боб четворосед на ЗОИ во Ванкувер 2010 годин кој беше прв златен медал за САД во оваа дисциплина од 1948 година.
Овој голем спортист во минатото се обиде да изврши самоубиство откако беше загрозен неговиот вид поради опасна болест, но тој успешно беше опериран во 2008 година.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
