-->
-->
Трагедија: Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Валандово - Марвинци
-->
Н.С. (42) од село Јосифово, Валандовско, загинал утрово во сообраќајна незгода на регионалниот пат Валандово - Марвинци, на местото викано „Мичкин мост“, во атарот на село Брајковци.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила откако „Фиат Пунто“ со велешки регистерски таблици кое го управувал Н.С. се судрило со „Форд Ескорд“ со велешки регистерски таблици, управувано од З.А. (50) од Валандово.
Тешко повреден е и сопатникот во „пунтото“, О.П. (35) од село Балинци, кој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија каде му била укажана лекарска помош, а повреден е и З.А..
Сообраќајката е пријавена околу 05:45 часот. Во координација со Јавен обвинител, екипа на валандовската полиција изврши увид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом