-->
-->
Трагедија: Двајца работници загинаа на градилиштето „Белград на вода“
-->
Двајца градежни работиници загинаа денеска на градилиштето на комплексот „Белград на вода“ во српскиот главен град, откако паднале од една од зградите во изградба.
Според Б92, екипите на службата за Брза помош што дошле на местото на настанот само ја констатирале смртта на двајцата работници. Несреќата се случила околу 9.30 часот.
Засега не познато како дошло до инцидентот, а полицијата веќе започна истрага за целиот случај.
Според српските медиуми, двајцата работници паднале од 22 кат на зграда. Станува збор за работоводител и помошник на геомер, на возраст од 26 и 41 година.
Засега не се познати причините за несреќата, освен дека работиниците паднале од висина од 65 метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста