Трагедија: 4-годишно дете почина откако докторите му ставиле гипс на раката

4-годишниот Александар Адамовиќ од Лазаревац починал пред пет дена откако докторите му ја ставиле раката во гипс. Детето престанало да дише додека таткото повторно го носел во болница.
Мајката Драгана Милјаниќ (28) и таткото Дејан Адамовиќ (37) велат дека Александар минатата среда пред да почине играл во дворот и пред куќата паднал и си ја повредил раката
- Малку заплака, но брзо се смири и легна да спие. Се разбуди по 15 минути залејќи се на болки. Раката му отече па утредента го однесовме во болница, вели мајката на момчето.
Поради големиот оток педијатарот од Лазаревац им дал упат за на клиника, како што наведуваат несреќните родители, лекарите направија снимки на раката, но не можеа да се сложат дали е во прашање тешка или лесна повреда. Одлучиле на детето да му стават гипс на раката и им закажал контрола за два дена.
- Во петокот отокот се повлекуваше, во саботата на контролата докторите му ја снимија раката и заклучија дека состојбата му е многу подобра. Му препишаа лекови за смирување на болки, а за отокот константираа дека е очекувана појава. Требаше повторно да одиме на контрола во вторникот, но... - раскажува таткото Дејан.
По контролата состојбата на детето нагло се влошила. не можело да оди, било поспано и одбивало да јаде. Во понеделникот наутро паднало детето во несвест. На пат за болница, таткото му давал вештачко дишење, но залудно било.
Драгана вели дека знаела дека нешто не е во ред кога од Итната му рекле веднаш да ја напушти ординацијата.
- После некое време однигде никаде излезе докорот и тивко рече: Примете го моето сочуство. Да го прегледаат детално уште ќе беше жив, вели Дејан
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
