Трагедии во низа, Колари црна точка на сообраќајната мапа
Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево –Гостивар се случила вчера кај село Колари.
-Патничко моторно возило Мерцедес со охридски регистарски таблички излегувало од локалниот пат кој води во с. Колари при што во него удрило патничко моторно возило Ауди со кичевски регистарски таблички. При несреќата возачот на Мерцедесот, жител на с.Колари, се здобил со тешки повреди. Упатен е во Медицинскиот центар Кичево, поради сериозноста на повредите од таму во Ургентниот центар во Скопје, но им подлегнал на повредите. Тројцата патници од возилото Ауди се со лесни телесни повреди, информираат од Обвинителството.
На лице место кај сообраќајната несреќа увид изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево, заедно со увидна екипа од МВР.
Во насока на расветлување на причините за случената несреќа, надлежниот обвинител издаде Наредби за вршење на обдукција на починатото лице, за технички преглед на моторните возила, како и за испитување на крвта на учесниците во несреќата со цел утврдување на евентуално присуство на алкохол.
Дејствијата на обвинителството ќе продолжат за да се утврдат фактите во предметот.
Инаку, на 21 ноември во вечерните часови , на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с. Колари се случи сообраќајна несреќа во која на лице место животот го загуби лицето С.А од Скопје, роден 1976 година. Во него удрило моторно возило – комбе со скопски регистарски таблички управувано од педесет и две годишен скопјанец.
На почетокот на ноември три лица ги загубија животот во страотната сообраќајна несреќа, на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на селото Букојчани.
На лице место починаа 16 годишниот Халит А., неговиот другар деветнаесетгодишниот Адмир В. и возачот 45 годишниот Зуфер З., сите од кичевското село Колари.
Сообраќајката се случила кога возило марка „Форд Ескорт“ директно удрило во приколка од товарно возило-трактор во која се превезувало огревно дрво.
Ново на Сител
-
Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV
-
Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно
-
Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра
-
Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите
-
Американецот Роберт Превост е новиот папа, со избрано име Лав 14
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки