Tрадиционалното „Ашуре“ во Канатларци

Како и секоја година делегација на Општина Прилеп присуствуваше на традиционално „Ашуре“ во н.м. Канатларци на покана на Бекташиската Верска Заедница, во текето „Дикмем Баба“.


„Синоќа ги заколивме курбаните И денеска дадовме ручек за сите верници што дојдоа тука. Ова ние го нарекуваме „жална слава“. Пред 1439 години фамилијата на светиот Мухамед станале маченици во Ирак и од тогаш ние до денес го славиме овој ден. И господ да даде радост и среќа и за многу години да е денешниот ден“, вели Абедим Текишаноски, Баба. Според дел пак од верувањата и традицијата за овој ручек - ашуре, стара со векови, потекнувала од денот кога бродот на пророкот Ное и неговите верници се спасувале од потопот. Откако бродот пристигнува на брегот, останата храна во бродот се собира и се прави еден оброк. Тој оброк се нарекува ашуре. Ашурето се нарекува и јадење на љубовта и хуманоста.


Се споделува со комшиите, пријателите и роднините. По примерот на ашурето каде што дванаеесет производи се спојуваат во една смеса, така и муслиманите, христијаните и сите други верници треба да се собираат и да живеат во заедничка хармонија.


Општина Прилеп им посака на жителите на Канатларци и понатаму добро здравје и негување на традиционалните вредности нагласувајќи дека соживотот и заедничката соработка со турското население преставува вистински пример за меѓуетничко уважување и почит.

Ново на Сител
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп - Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
