Традиционална трка на дедомразовци во Скопје
Во Скопје денеска ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во центарот на главниот град.
Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер, па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само два километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители.
Стартот и финишот на трката се на плоштадот „Македонија“, а ќе се трча кон Порта Македонија, Парк Жена Борец, хотел „Холидеј Ин“, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.
Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 300 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада. За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место.
Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.
Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 9 до 11 часот на денот на трката. Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на Coca-Cola и градот Скопје.
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога при претрес во дом на 40 годишен жител на Штип
-
Почнува есента
-
Неверојатни сцени на Вембли - Дубоа го нокаутираше Џошуа | ВИДЕО
-
Трамп смета дека е предоцна за уште едно телевизиско соочување со Харис
-
Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени
-
Про-ирански групи во Ирак презедоа одговорност за напад со беспилотно летало врз Израел
-
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
-
Свежо утро, топло преку ден, температура до 28 степени