Ракомет
15. November 2015 - 10:11

Победа за Вардар Јуниор и пораз на Жрк Пелистер во Челинџ купот

Ракометарките на Вардар Јуниор го остварија најголемиот успех на европска сцена пласирајќи се во 1/16 финалето на Челинџ купот, откако двапати го победија тимот на Лондон ејнџелс.
Во реваншот ракометарките на Вардар јуниор победија со 35:17 (22-6).
Поради високота предност на полувремето, како и победата на првиот дуел, во второто полувреме можност за настап добија ракометарките од клупата.
Иако двата натпревари од 3.коло се играа во Скопје, Вардар јуниор покажа дека има квалитет да се справи и со тимови како Лондон, каде настапуваат играчи од Унгарија, засилени со две ракометарки, една од Романија, една од Словачка.
Вториот наш претставник во овој куп ЖРК Пелистер загуби на домашен терен од Шкипона со 38:22. Реваншот се игра следниот викенд.
Во рамките на 3.коло од Купот на победниците на куповите ЖРК Металург загуби на гостувањето кај данската екипа Холстебро со 41:20. Најефикасна кај ЖРК Металург беше Ливрниќ со 7 голови. Вториот натпревар се игра попладнево истотака во Данска.