-->
-->
Тотенхем убедливо го победи Манчестер Јунајтед
-->
Фудбалерите на Тотенхем славеа убедлив триумф над Манчестер Јунајтед со 3:0 во дерби натпреварот, последен од 33.коло во англиската Премиер лига.
На средбата одиграна попладнево во Лондон, домаќините до победата стигнаа во завршните дваесет минути со головите на: Дае Али (70-минута), Тоби Алдервајрелд (74) и Ерик Ламела (76).
Предноста на домашниот терен ја искористи и Ливерпул кој со 4:1 го победи Стоук, а во првиот меч денеска Лестер на гости кај Сандерленд славеше победа со 2:0.
На натпреварите кои се одиграа вчера, беа постигнати следниве резултати:
Вест Хем – Арсенал 3:3
Свонси – Челзи 1:0
Саутемптон – Њукасл 3:1,
Ватфорд – Евертон 1:1,
Кристал Палас – Норвич 1:0,
Астон Вила – Бурнемут 1:2 и
Манчестер Сити – ВБА 2:1.
Табела: Лестер 72 бодови, Тотенхем 65, Арсенал 59, Манчестер Сити 57, Манчестер Јунајтед 53, Вест Хем 52, Саутемптон 50, Ливерпул 48, Стоук 47....
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат