-->
-->
Тотенхем со нова победа се поблиску до опстанок во Премиер лигата
-->

Екипата на Тотенхем со втората победа во низа остварена синоќа од 2:1 на гости против Астон Вила ја напушти зоната за испаѓање во Премиер лигата. Во финишот на сезоната Тотенхем ја прекина лошата серија од 15 натпревари без победа и сега со 37 поени се на 17.место, со еден бод повеќе од Вест Хем, кој е на 18.место.
Головите за победа против Астон Вила ги постигнаа Конор Галагер во 12.минута и Ричарлисон во 25.минута. Голот за домашните го постигна Емилиано Бунедиа во 90+6.минута.
Астон Вила со новиот пораз остана на петтото место со 58 бодови, колку што има и четвртиот Ливерпул.
Денеска се играат последните два натпревара од 35.коло од Премиер лигата: Челзи – Нотингем Форест (почеток 16 часот) и Евертон – Манчестер Сити (21 часот).
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
-

Преглед на вестите од светот
