Тошковски: Работниот статус на полицајците во истрагата за „Пулс“ е ставен во мирување
Во мирување им е работниот однос на полициските службеници кои беа опфатени со истрагата за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
- Јавното обвинителство е органот којшто е надлежен да постапува во овој дел, а истрагата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал сѐ уште не е завршена и тоа одлучува, преку судските органи за статусот на полициските службеници. Во рамки на функционирањето во Министерството за внатрешни работи, нивниот статус е замрзнат, односно во рамки на овој временски период ќе бидат оддалечени од вршење на функција во рамки на тековното функционирање, истакна министерот Тошковски.
Во врска со барањето на родителите на починатите во пожарот за одговорност од МВР, Тошковски смета дека тие имаат легитимно право да бараат одговори од институциите.
- Она коешто требаше да бидат сторено од Министерството за внатрешни работи, како институција, е сторено. Во рамки на целокупниот временски период сметам дека ѝ покажавме на македонската јавност и на македонските граѓани дека можело и поинаку да се работи, покажавме дека може да се работи неселективно. И покрај сите обвинувања, покажавме дека можеме да имаме еден нормален пристап кон работите и покрај сите обвинувања од страна на опозицијата. Покажавме дека без оглед на име и презиме, без оглед на кој инволвирал, кој бил близок со некого или кој не бил близок, дека Министерството за внатрешни работи знае да постапува професионално и никогаш нема да дозволи за оние за коишто има докази, за оние за коишто има услови на сомнение доведено на одредени ниво, да не процесуира постапка. Тоа го докажуваме на дело, не знам по кој пат во рамки на мандатот на оваа Влада, и ќе продолжиме да го потврдуваме во иднина, за разлика од претходно, изјави министерот Тошковски.
Ново на Сител
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина