Тошковски: Македонија е синоним за врв на жртви од непочитување на сообраќајните правила

Почитување на петте стандардни принципи кои се пример во европските земји: безбедна брзина, безбедни учесници во сообраќајот, безбедни патишта, безбедни возила и ефикасна реакција на институциите по настанување на сообраќајната незгода. Тоа, според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, е клучот за нула жртви во сообраќајните несреќи.
Во обраќање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, што се одржува денеска во Скопје, министерот посочи дека „Македонија, за жал, во последните 15 години е синоним за врв на жртви предизвикани од непочитување на сообраќајни правила“.
- Бројката е 145 жртви. Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, сиот оној убав народ што живее во Македонија не е само бројка кога говориме за 145 жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила во изминатите 15-ина години. Лани бројката е 142 жртви, за жал, најголем број се млади до 29 години, а и во рамки на светските параметри најголем број од почнатите млади во светот се како последица на непочитување на сообраќајните правила, рече Тошковски.
Тој повика на координирана активност на сите институции за исполнување на целите со европската стратегија за преполување на жртвите во соообраќајот до 20230 година и нивно сведување на нула до 2050.
Министерот порача дека е многу важно да се примени како што треба системот „Безбеден град“, што е во пробна функција од вчера. Најави дека заклучно до средина на 2026 година треба да се примени на територија на цела држава.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“
-

Пожар во близина на црквата „Свети Спас“ во Стара Чаршија
-

Русија го блокира „Снепчет“
-

Меланија Трамп: Уште седум украински деца вратени од Русија
-

После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди
-

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов
-

Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор
-

Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
