Тошковски: Брисел нема да прави проблем за старите пасоши, ама ДУИ и СДСМ не сакаат да стиснат копче

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски во денешното гостување во „Ја сакам Македонија“ на Сител рече дека денеска добил допис од Брисел дека Европската Унија нема да прави проблем доколку македонските граѓани треба да патуваат со пасоши со старото уставно име.
Ги повика пратениците во Собранието да поддржат и измени за продолжување на рокот на важност на патните исправи.
- Денеска добив написмено информација каде комитетот за патни исправи на Европската комисија одржал состанок, ми беше најавено од белгискиот амбасадор. Ќе имаат разбирање за проблемот и ќе бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани. Нашите граѓани кои се надвор од Македонија, 70.000 се со старото име во Германија, тоа го имаат Германците како податоци, ние го немаме. Тие без проблем ќе може да отидат во Унгарија и Чешка, ама нема да можат да излезат од Македонија ако дојдат дома. Европскиот комитет дава мислење до земјите да имаат разбирање. А ние што правиме - Само Македонија, освен Грција, ќе крши основно човеково право на слобода и движење, заради тоа што пратениците од владеачката структура - од СДСМ и ДУИ, не сакаат да стиснат едно копче, рече тој.
Кога пратениците го продолжија рокот на важност за возачките дозволи, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи и измени со кои би се продолжил рокот на важност на пасошите. Меѓутоа, пратениците не успеаја да се договорат, па овој предлог не се најде во распоредот во Законодавниот дом. ВМРО-ДПМНЕ бараше продолжување на патните исправи до крајот на годината.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
-

Нови правила за боледување: Од седум на пет дена кај матичен лекар, контролор ќе проверува дали сте дома
-

Николоски: Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации
-

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост
-

Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ
-

Апликација го претвораше iPhone во чаша пиво и му носеше 20.000 долари дневно – по 90 милиони преземања, креаторот замина на фарма
