Тосевски: СДСМ ќе ја внесе државата во големото семејство на ЕУ до 2030
Претседстелот на Комисијата за надворешни работи и евроинтеграции на СДСМ Филип Тосевски, денеска во Куманово рамките на четвртата тематска трибина на СДСМ „Резултати што прават разлика“, на тема „МК во ЕУ до 2030“, истакна дека изминатите шест години е направено многу за факторизирање на државата на меѓунардоно поле, како рамноправен и кредибилен партнер во евроатлантската заедница на држави.
СДСМ донесе стабилност во нашата земја после турбулентните 90-ти години, го зачува и заштити територијалниот интегритет и суверенитет со имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, го склучи Преспанскиот договор со Грција - решавајќи го долгогодишниот билатерален спор околу нашето уставно име, широко отворајќи ги портите за наш влез во НАТО, а под водство на нашиот претседател Димитар Ковачевски, ги започна преговорите за членство во ЕУ со започнувањето за скринингот, истакна Тосевски.
Тосевски, нагласи дека на конечна реализација чека финалната историска надворешно-политичка цел – полноправното членство во Европската Унија.
Во таа насока преостанува да се спроведат уставните измени со цел по завршувањето на скринингот да се прејде во суштинско отварање на преговорите за поединечните кластери кластери и поглавја. СДСМ и оваа влада предводена од СДСМ има за цел да ја внесе и ќе ја внесе Северна Македонија како полноправна членка, со свој идентитет и јазик во големото семејство на Европската Унија до 2030 година, порача претседстелот на Комисијата за надворешни работи и евроинтеграции на СДСМ Филип Тосевски, од трибината на тема „МК во ЕУ до 2030“.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
МЗ: Странски кардиохирурзи ќе ги проверуваат документациите во приватните и државните болници