Топлотниот бран во Мексико усмрти најмалку сто луѓе
Најмалку сто луѓе починаа во изминатите две недели во Мексико поради топлото време. Температурата на воздухот во некои делови од земјата се искачи приближно до 50 степени Целзиусови, соопшти Министерството за здравство.
Тринеделниот топлотен бран овој месец ја оптовари електричната мрежа со рекордна потрошувачка, а во некои области е прекината и наставата.
Повеќе од две третини од смртните случаи се случиле во периодот од 18 до 24 јуни, а останатите претходната недела. Во истиот период минатата година регистриран е само еден смртен случај предизвикан од топлото време.
Околу 64 отсто од смртните случаи се случиле во северната држава Нуево Леон, која граничи со Тексас.
Изминатите денови температурата на воздухот се намали откако почна сезоната на дождови, но во северниот дел на Мексико сè уште преовладува топлото време. Во градот Акончи, мексиканската државата Сонора пред два дена измерени се рекордни 49 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-

САД ќе издадат монета од еден долар со ликот на Доналд Трамп
-

Приведени две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити и се стекнале со 10.820.000 денари
-

Николоски во Кисела Вода на увид во реконструираната улица „Лазар Димитров"
-

Седница на Економско-социјалниот совет
-

Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса
-

СП 2026: Кејн – Мислев дека сме подготвени да одиме до крај
-

Мајка, татко и шестмесечно бебе од Молдавија загинаа во сообраќајна несреќа на Халкидики
-

СП 2026: Скалони – Моите фудбалери се уникатни, а нашите навивачи фантастични
