Топлотен бран во Македонија - Температури до 40 степени
Македонија во следните неколку денови ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса што ќе предизвика позначителен пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во среда и четврток, кога во југоисточните делови се очекуваат и до 40 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во четврток попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален, повремено пороен дожд и грмежи. Во петок ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и умерен северен ветер што ќе ги намали дневните температури за три до четири степени.
Од сабота повторно ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.
Времето денеска е претежно сончево и топло со мала локална облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура е во интервал од 29 до 36 степени.
Биометеоролошките услови се лоши. Како што информира УХМР, во пладневните часови кај поголемиот број луѓе можна е појава на главоболки, но и болки во колената, грбот и вратот. Вечер е можна општа слабост, а кај некои и чувство на тежина во главата. Во ноќните часови болките од ревматски карактер, но и оние од артритични промени, ќе бидат поизразени.
Слично ќе биде и утре.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот