Топ-10 листа: Расте продажбата на теренци во Европа
Европа прифаќа тренд почнат многу порано во Америка – теренците. Имено, уделот на теренски возила, меѓу најпродавани возила воопшто, за 2019 година изнесувал 38,2 отсто, а оваа година, за првите шест месеци таа бројка веќе достигна 56 отсто. За споредба, во Кина, продажбата на теренци е 46 насто од вкупната продажба, а во САД доминираат со 59,6 отсто, што не е недостижно наредната година за Европа. Следат 10 најпопуларни модели што доминираат на Стариот Континент.
1. „Фолксваген Т-рок“
Германскиот теренски автомобил е најпродаваниот во Европа, со 141.388 регистрирани единици за осум месеци. Моделот е во продажба од 2017. и е надграден кон крајот на 2021 година. Инаку, втората генерација ќе излезе на пазарот последниве месеци од оваа година.
2. „Фолксваген тигуан“
Уште еден модел од Волфсбург, Германија, е на второто место со 125.608 единици и најголем раст од 26 насто во споредба со претходната година. А пак, третата генерација лансирана во 2024 година продолжува да привлекува купувачи со бензински и дизел-мотори, како и „плаг-ин“ хибриди.
3. „Тојота јарис крос“
Од своето излегување кон крајот на 2021 година, овој јапонски компактен теренец произведен во Франција ги освои европските купувачи. За осум месеци годинава се забележани 124.821 продадена единица. Привлекува со своите компактни димензии, оригинален стил, целосно хибриден мотор и 10-годишна гаранција.
4. „Бе-ем-ве Икс-X1“ и „Ај-Икс-1“
Ова е првиот и единствен премиум-теренец во оваа топ-10 листа со 80.369 продадени единици од обичната верзија и 43.125 единици од електричниот „Ај-Икс-1“. Тоа се вкупно 123.494 продадени возила и четврто место, со раст од 17 отсто.
5. „Дачија дастер“
Се работи за третата генерација на романскиот теренец, познат по својата робусност и прифатливи цени. Тој достигна 121.827 продадени единици.
6. „Пежо 2008″
Ова е вториот најпродаван „Стелантис“ автомобил во Европа. Речиси 120.000 регистрирани единици за осум месеци и растот од три насто се потврда дека интересот на купувачите не опаѓа дури и откако дизел моторот беше исфрлен.
7. „Форд пума“
Моделот што америкаднската компанија го одржува во живот во Европа, продолжува да генерира највисоки бројки на продажба. „Пума“ е двојно попопуларна од „Фокус“ и речиси 50 отсто побарана од „Куга“.
8. „Хјундаи тусон“
Прифатлива цена, привлечен дизајн и многу опрема – го прават овој Ц-теренец со најдобра вредност за парите. Речиси 100.000 единици се регистрирани во Европа за осум месеци.
9. „КИА спортаж“
Уште еден бестселер од Кореја, без којшто овој бренд би бил на ниско ниво во Европа и покрај падот на продажбата од 13 отсто. Бројките веројатно ќе се зголемат во последното тримесечје, бидејќи предизајнираниот модел е веќе во продажба.
10. „Нисан кашкај“
Некогаш недостижниот основач на класата, сѐ уште го одржува јапонскиот бренд баран во Европа, иако неговиот имиџ падна на пониско ниво. Сепак, оваа листа не би била целосна без „Кашкај“.
Ново на Сител
-
Локални избори 2025, вести во 08:00 на Сител Телевизија
-
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем
-
Сите 117 избирачки места во Тетово отворено навреме, гласањето е без проблеми
-
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител
-
Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот
-
МВР презема мерки за мирен, фер и демократски изборен процес
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 832 415 граѓани
-
Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа