Тони Блер: Велика Британија е во опасен хаос
Поранешниот британски премиер Тони Блер смета дека Велика Британија е во „опасен хаос“, како и неговата Лабуристичка партија и дека конзервативците на Борис Џонсон не заслужуваат да победат на изборите на 12 декември.
– Јавноста не е убедена дека секоја голема партија заслужува изборна победа – изјави Блер.
Велика Британија одржува избори три години порано, бидејќи Парламентот е во ќорсокак поради брегзит, не можејќи да се договори за тоа како и дали воопшто да ја напушти Европската унија.
Блер оцени дека и двете најголеми партии продаваат фантазии и дека доколку изборните анкети се точни, партијата на Џонсон веројатно ќе освои мнозинство.
Тој рече дека неговата партија сега е контролирана од „марксистичко-ленинистичко крило“ и дека нивниот лидер Џереми Корбин ветил револуција.
– Проблемот со револуцијата не е како ќе започне, туку како ќе заврши. Проблемот со револуциите е што тие секогаш завршуваат лошо – рече Блер.
Ново на Сител
-
На граничниот премин кон Србија се чека од 20 до 30 минути, а кон Грција до 15 минути
-
Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени
-
Алкараз трет полуфиналист во Барселона
-
Денеска нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден
-
Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден
-
Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, истрагата продолжува
-
Велика Сабота, денот меѓу смртта и воскресението