Балкан
11. March 2022 - 10:24

Томашевиќ за мистериозното летало кое падна во Загреб: Вакво нешто досега не сме виделе

Никој не настрада во рушењето на мистериозно летало во текот на минатата ноќ во Загреб, а тоа го потврди градоначаникот Томислав Томашевиќ.

Томашевиќ заедно со премиерот Андреј Пленковиќ разговараше за мистериозното летало, кое падна во градот и остави голем кратер.

„Знаете веќе дека станува збор за летало. Деловите од него се на повеќе локации. Никој не настрада и тоа е среќа во несреќа. Станува збор за релативно големо летало. Надлежното министерство ќе ѝ се обрати на јавноста, а засега нема информација за експлозивни елементи. Зборував со премиерот и разменивме информации од каде може да пристигне. Вакво нешто досега не сме виделе во Загреб, никогаш не се случило“, вели Томашевиќ.