Токсичен облак од чад над австралиската престолнина Канбера
Токсичен облак од чад, создаден поради шумските пожари кои го зафатија источниот дел на Австралија, се шири над главниот град Канбера.
Пожарникарите се уште се борат со над 140 пожари, кои на почетокот од следната недела би можеле да се прошират поради зголемен топол бран.
Источниот дел на Австралија веќе три месеци е зафатена од катастрофални пожари, кои според експертите се резултат на долгата суша и глобалното затоплување.
Жителите на Канбера утрово се разбудија во задушлива магла. Неодамна, најголемиот град во земјата, Сиднеј, се соочи неколку недели со слична појава.
Властите соопштија дека поволните временски услови им дозволиле да изгаснат неколку пожари, пред прогнозите дека од вторник натаму повторно ќе има појава на силни ветрови и високи температури. Најголемиот пожар зафати површина од 250.000 хектари во близина на Сиднеј.
Ново на Сител
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“