„Тојота“ со нови сончеви батерии за своите автомобили
Јапонскиот концерн „Тојота мотор“ има намера да почне да користи високотехнолошки сончеви батерии и системи засновани на нив во нивните автомобили. Како што соопшти компанијата, заедно со Националниот институт за напредни индустриски науки и технологија, ќе ги развиваат новите системи што во иднина ќе се користат во возилата.
Главна задача во овој поглед ќе биде да се зголеми ефикасноста на производството на енергија, истовремено намалувајќи ги трошоците за создавање вакви батерии и системи.
Тојота, исто така, си постави за цел да ја зголеми продажбата на своите електрични, хибридни и водородни автомобили до осум милиони единици годишно, до 2030 година, со напорите на властите и компаниите за активно намалување на емисиите на јаглерод. Јапонската Влада минатиот октомври објави дека земјата треба да постигне нулта емисија на јаглерод-диоксид во индустријата до 2050 година. До 2030 година, се очекува таа да се намали за 46 отсто во споредба со нивото од 2013 година.
Ново на Сител
-
И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ
-
Проширувањето во фокус на средбата на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и на кандидатите за членство
-
Два активни пожара, три ставени под контрола
-
Путин ги пофали „невидените“ врски со Кина на почетокот на разговорите со Си
-
Над илјада загинати по катастрофалниот земјотрес во Авганистан
-
Номинален раст, а реален пад во трговијата со храна, пијалаци и тутун
-
Во Нови Сад шок бомби и нереди на комеморацијата за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 37 степени