Loading Video...
Фудбал
24. November 2020 - 20:35

„Тој освои се и секогаш како протагонист“

Извонредната кариера на капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев оваа сезона ја заокружи пласманот на ЕП во фудбал. Серија А денеска со посебна порака за Гранде Пандев, Тој освои се и секогаш како протагонист. 
 
Долга е кариерата  на  нашата фудбалска легенда Горан Пандев, настап во големи клубови како Лацио, Интер, Галатасарај но освоени трофеи од кои секако најзвучна е титулата во Лигата на шампионите со неро-аѕурите од Милано заедно со светската клупска титула, шампион на италија, куп трофеи во Италија и Турција и секако како шлаг на сето тоа пласманот на следното европско првенство со македонската фудбалска репрезентација. 
Од италијанската федерација во посебната објава за Пандев потенцираат дека македонецот најголемиот дел од кариерата го минува на Апенините каде денеска го носи дресот на Џенова и со своите 37 години е лидер на тимот на кој му претстои битка за опстанок.  Тој освои се и секогаш како протагонист напишаа во пораката од Серија А заедно со специјалната фотографија.