Тодоров во Штип се сретна со пензионери и студенти

Министерот за здравство Никола Тодоров попладнево во Штип се сретна со пензионери и студенти.
Пензионерите го прашаа Тодоров кога во Штип ќе се отвори одделение за онкологија, бидејќи, како што рекоа, во моментов пациентите болни од рак од Штип и источниот регион терапијата ја примаат на Клиниката за онкологија во Скопје.
Тодоров им одговори дека за три месеци се очекува да профункционира новото Одделение за онкологија во Клиничката болница во Штип.
- Во моментов се гради цело едно одделение, се гради и бункерот за акцелераторот. Овој објект очекуваме да биде готов за два месеци. Во болницата има и онколог. Очекувам ова одделение да биде отворено за три месеца, со што пациентите нема да патуваат за Скопје, рече Тодоров.
Тој ги информираше пензионерите и за изградбата на новата Клиничка болница, која ќе биде завршена за две години, а во неа ќе има најсовремена апартура и услови за третман на пациентите.
- Новата Клиничка болница ќе биде најсовремениот здравствен објект во земјава. Изградбата на болницата е проект во кој се инвестираат вкупно 56 милиони евра, посочи Тодоров.
Пензионерите побараа во амбулантата во штипската населба Баби да се вработи општ лекар, со цел да не патуваат до централното градско подрачје, каде што се сместени ординациите на матичните лекари, но и јавните здравствени институции. Тодоров вети дека ова барање ќе го разгледаат во Министерството со цел да им излезат во пресрет и на пензионерите, но и на останатите жители во населбата Баби.
Тој се сретна и со студенти на кои им ги презентираше мерките за вработување и проектот „Купи куќа за млади“, со кој се предвидува изградба на нова населба во Штип.
- Како што знаете станува збор за проект, со кој се нуди во Штип да се изградат над 1.000 куќи за младите. Оваа е голема можност за вас младите да дојдете до сопствен дом. Исто така за мене многу важен е и проектот за вработување на 100-те најдобри студенти во земјава, со што ќе се овозможи најквалитетните студенти, кадри да останат во земјава, рече Тодоров.
Тој потенцираше дека Штип како универзитетски град на младите им нуди можности за вработување, а тоа се гледа и низ бројките. Во моментов 2.500 лица се активни баратели за вработување во општина Штип, а стапката на вработеност бележи зголемување за 40 отсто.
Тодоров претходно ја посети Клиничката болница во Штип, каде е ставен во функција нов дигитален мамограф.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
