Тодоров: Реновирано очното и ушното одделение во Велешката болница, подготовки за нова интернистичка интензивна нега
Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Општата болница во Велес, каде е комплетно реновирано очното и ушното одделение, почнуваат градежните работи за нова интензивна нега на одделението за интерна медицина, а се работи и на комплетно нова фасада на таа јавна здравствена установа.
Тој изјави дека за оваа намена вложени се 21 милион денари, пари заштедени од намалувањето на цената на лековите.
За потребите на интензивната нега, посочи, велешките лекари ќе одат на обука во Скопските клиники, а и лекари од таму ќе доаѓаат во Велес да вршат обука додека трае изградбата на одделението.
- Очното и ушното одделение се веќе при крај и наскоро ќе бидат пуштени во употреба, а останатите градежни активности предвидено е да завршат до крајот на годината. Ова е особено важно, заради тоа што Општата болница во Велес освен што нуди услуги за велешани, таа го покрива и целиот регион, додаде Тодоров.
Ново на Сител
-
Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење
-
Сијарто: Не е само до Бугарија, членките во ЕУ што го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство
-
Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, со 11,7 милиони евра обновени 24,4 километри
-
Трамп: Израелските напади врз Иран се одлични
-
На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица
-
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
-
Иран соопшти за најмалку 95 повредени во израелските напади во текот на ноќта
-
Израелски авиони извршија нов напад врз Иран