Тодоров: Обезбедени се лекови за пациентите со ретки болести
Набавени се лекови за сите пациенти со ретки болести, рече денеска министерот за здравство Никола Тодоров на собраниска седница.
Одговорајќи на пратеничко прашање, Тодоров информира дека по распишаната набавка на вкупно 21 лек, 17 се веќе обезбедени и се дистрибуираат. Тие покриваат околу 90 отсто од вкупниот број лица со ретки болести. За останатите четири лекови немало никаква понуда поради што тендерската постапка е реобјавена.
- Со програмата за ретки болести се опфатени сите евидентирани пациенти. Околу 90 отсто од нив добиваат лекови. Реформата што ја направивме обезбедува стандардно финансирање, за секоја година, доволно за набавка на лекови за сите лица кои имаат некоја ретка болест, истакна министерот, подвлекувајќи дека целиот проект за набавка го развиваме со здруженијата за ретки болести.
Тој воедно укажа дека мора да се прави разлика меѓу иновативните лекови, оригинаторите и генеричките кои најчесто се набавуваат и за нив да не се користат поимите оригинални и неоригинални лекови зашто сите се оригинални. Разликата е само во компанијата што ги произведува, а која за тоа секако има лиценца.
Министерот потенцира и дека тенденцијата не е да се набавуваат евтини лекови, туку лековите да поевтинуваат.
Во Македонија, подвлече, сите лекови што се користат, продаваат и издаваат, се квалитетни и исправни. Контроли постојано се вршат, со земање лекови од полица по случаен избор. - Досега не е констатиран никаков пробем, напротив. Се покажа дека сите лекови што се користат се квалитетни и исправни, со хемиски состав ист како впишаниот на декларацијата, посочи Тодоров.
Реформите во секој сегмент од здраството, додаде, продолжуваат со несмналено темпо. Останува заложбата клиничките болници да прераснат во регионални центри, во Скопје да се препраќаат само најсложените интервенции. Во таа насока се и предвидените реконструкции како онаа во битолската болница за која се планирани 130 милиони денари и која треба да заврши кон крајот на октовмри 2016 година.
На прашањето за болните од дијабет, Тодоров одговори дека во овој сегмент е направен сериозен напредок. Наместо само четири, сега тие добиваат 30 ленти месечно со што можат да го контролираат шеќерот во крвта секој ден. Формирана е и Национална комисија за дијабет од пет најеминентни доктори на науки во областа на ендокринологијата. Тие се почесто активно учествуваат во креирањето на здравствената политика во овој сегмент.
Грижата за болните од дијабет, рече Тодоров, не е само во користењето најскап инсулин.
- Во изминатите години државниот буџет неосновано трпеше со оглед дека пенетрацијата на аналози кај нас е 90 проценти, а во најразвиените земји е од 65 до 74. Аналогот чини 3.800 денари, а хуманиот инсулин е 800. Тоа не сакам да го дозволам, секоја година државата да плаќа сериозни пари непотребно, нагласи министерот.
За третманот за фотокоагулација, како што напомена, се прават напори што повеќе доктори да бидат испратени на доедукација, а се викаат и експерти тука. Набавените апарати за ваквите третмани се користат само кога на располагање има соодветен кадар.
Ново на Сител
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење
-
25 години ДЗР
-
Абази со отчет за работата на Обвинителството за гонење на криминал и корупција
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка
-
Синдикатот не се откажува од барање за раст на минималната плата