Македонија
2. November 2021 - 19:35

Точните услови за добивање помош од државата се уште непознати за студентите

Без разлика дали студентот е вработен, хонорарец, неговите му префрлаат пари или остварил добивка од игри на среќа, ако на својата сметка има над 16 500 денари не му следуваат субвенции за студентски оброк. Ова е едно од  објаснувањето на МОН по реакции на студенти дека иако ги исполнувале условите не ги добиле своите 2400 денари. 

Согласно Законот за субвенциониран студентски оброк право на остварување на студентски субвенциониран оброк имаат сите студенти од државните и приватните Универзитети во државата кои ги исполнуваат следните услови: 

 

1.Да се државјани на Република Северна Македонија;

2.Да се редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети:

3.Да не се во редовен работен однос;

4.Да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и

5.Да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.

 

Од МОН велат дека  службена должност ги обезбедува потребните податоци од надлежните институции, а дали има промена ќе се проверува секој месец.

Дополнителен проблем според министерството е тоа што повеќе студенти аплицирале од еден ист меил, и затоа автоматски добиле иста порака и тие што ги загубиле парите и тие кои ги исполнуваат условите. За овој проблем потврдија и  од Студентското собрание при УКИМ.

Инаку вчера субвенции добиле 18,105 студенти кои ги исполниле условите во првиот и вториот рок.