Скандал во Штип, малолетни девојчиња жртви на злоставување од професор
Во тек е истрага за тежок кривичен случај поврзан со сексуална злоупотреба на малолетни лица во Штип, во кој како осомничен се јавува 65- годишен жител на градот, сопственик и управител на приватен образовен центар, каде што истовремено држел и дополнителна настава по математика. Речиси три години три малолетни девојчиња на возраст од 10, 11 и 13 години биле жртви на сексуално злоставување.
Случајот бил откриен по реакција и пријава од страна на родителите, кои забележале промени во однесувањето на децата и по добиени информации се обратиле до надлежните институции. По пријавата, полицијата и обвинителството презеле мерки за обезбедување на докази и започнување на истражна постапка.
Случајот отвори поширока јавна дебата за тоа колку се безбедни приватните образовни центри и дали постои доволен институционален надзор врз нивната работа.
-За жал ваквите образовни центри не се во надлежност на Министерството за образование и наука и моите информации кои ги добивам од стручните служби. Ние предвидуваме Закон за да ги вклопиме во ситемот, велат дека тие се надвор од системот образовен, за да можеме да спроведуваме мониторинг врз нивната работа, изјави Весна Јаневска, Министерка за образование и наука.
По наредба на судот, полицијата извршила претрес во домот на осомничениот и во приватниот образовен центар, при што биле обезбедени материјали и предмети важни за натамошната истрага. Центарот, според информациите, функционирал во Штип повеќе од една деценија.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
