Титов: Русија никогаш повеќе нема да се сврти кон Западот
Русија никогаш повеќе нема да се сврти кон Западот, дури и ако Вашингтон и Брисел утре ги укинат сите санкции, иднината на човештвото е на исток, изјави за „Спутник“, Борис Титов, заштитникот на правата на претприемачите под претседателот на Русија.
„Знаете, дури и да замислиме дека Вашингтон и Брисел утре ќе ги укинат сите санкции кон Русија и ќе дојдат да се сретнат со нас, ние никогаш повеќе нема да се свртиме кон Запад. Верувајте ми, нема враќање назад. И, не само затоа што е неприфатливо да се разговара со Русија така, како што тоа го прави Западот“, рече тој.
Според него, „не се работи за огорченост или лошо сеќавање“.
„Западот е завршена етапа. Тоа е, ако сакате, минато на човештвото. Иднината е на исток и на таканаречениот глобален југ“, рекол соговорникот на агенцијата, пренесува „Спутник“.
Токму овие региони, додаде покровителот на претприемачите, се развиваат динамично, таму се концентрирани моќни човечки резерви, а таму се раѓаат најновите технологии.
„И таму се наши пријатели, кои не само што сакаат да бидат пријатели, туку и да ги развиваат трговските и економските односи со Москва“, заклучи Титов.
Ново на Сител
-
Ѓорческа поразена во второто коло на ВТА Челинџерот во Рим
-
ФК Арсенал од Тиват исфрлен од еврокуповите на 10 години
-
Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје и околината
-
Собранието ќе ја одржи 60. седница по што се закажани продолженија на уште четири седници
-
Претпладне многу топло, попладне пороен дожд и ветер
-
Протест на земјоделците во Брисел со барање за „силен“ буџет за земјоделството
-
Кубилиус: Историските спорови не треба да се решаваат со блокирање на кандидатите за членство во ЕУ
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе им овозможи на кандидатите за членство целосен пристап до средства од инструментот „Глобална Европа“