ТИРЗ: Заклучно со јули во зоните отворени над 1 100 нови вработувања

Продолжува растот на вработени и на извозот во технолошко индустриските развојни зони и во јули, покажува редовната анализа на ТИРЗ. Само за еден месец во компаниите во зоните се отворени речиси 100 нови работни места, со што заклучно со јули, од почетокот на годинава се реализирани над 1 100 нови вработувања. Со ова, вкупниот број вработени во јули порасна и достигна 15.085, што е за шест проценти повеќе споредено со јули минатата година, односно за 14,5 отсто повеќе во однос на јули 2020 година.
Според анализата, ваквиот тренд се очекува да продолжи, со оглед дека ова е резултат на инвестициите постигнати изминатата година со кои се предвидува отворање на над 2700 работни места во следниве години.
-Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Во првите седум месеци од 2022 извозот од ТИРЗ достигна речиси 2 милијарди евра, што е највисок во последниве четири години. Извозот во периодот од јануари до јули е за 13 отсто повисок во однос на истиот период во 2021 односно 77 отсто повисок во однос на 2020 и 23 проценти и 47 отсто повисок споредено со 2019 односно 2018 година. Само во јули компаниите во ТИРЗ имаат извоз од 280 милиони евра што е за 25 отсто повеќе од јули минатата година. Регистрирано е и највисоко ниво на увоз од 1,83 милијарди евра, во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период во изминативе четири години. Ова е за 4 отсто повеќе во однос на увозот од јануари до јули во 2021, односно за 83 отсто споредено со 2020, и за 21 и 64 проценти повеќе споредено со 2019, односно 2018 година. Месечниот увоз во ТИРЗ во јули достигна 230 милиони евра и е на речиси исто ниво со јули 2021 година. Заклучно со јули и нето извозот е 9 проценти, наведува ТИРЗ.
И покрај глобалните политичко економски случувања, ТИРЗ очекува ваквиот тренд да продолжи до крајот на годинава со што, според проценките, извозот може да го надмине минатогодишното рекордно ниво од три милијарди евра.
Ново на Сител
-

680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко
-

Приведен кумановец, во неговиот дом пронајден пиштол
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
