„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
„Тинекс“ оваа година одбележува значајно достигнување – 30 години успешно работење на македонскиот пазар. Како дел од стратегијата за развој на компанијата, но и како нераскинлив дел од постењето на „Тинекс“ како групација, оваа година фокусот беше на големи промени и подобрувања со цел да се постигне извонредно купувачко искуство.
Проширени се и модернизирани продажните места, со што купувачите добија уште подобро искуство при пазарувањето. Компанијата воведе и нови каси за самонаплата кои наскоро ќе ги има во уште поголем број во продажните места во Скопје, што значително ја зголемува ефективноста во пазарувањето.
„Тинекс“ денес располага со 58 продажни места низ Македонија, меѓу кои 43 се маркети, а останатите се: парфимерии „Cosmo“, „Tinex Home“, кафетериите „ToGo“ и новиот концепт на продавници „СПОТ“, кои ги задоволуваат потребите на оние кои сакаат на едно место да испазарат неопходни артикли, но и да го купат првото утринско кафе или појадок на пат кон работното место.
Како дел од постојаното проширување на асортиманот, „Тинекс“ нуди широк избор на производи од различни категории кои се достапни ексклузивно во мрежата на „Тинекс“ како на пример познатите брендови: „COOP“, „Chef a casa“, „Koukakis“, „Kolios“, „Gianni Negrini“, „Uggiano“, „Spitiki“, „Agriform“, „Radatz“, „Moser“, „Ciresa“, „Inalpi“, „Callipo“, „Garofalo“, „Aenaon“, „Senx up“ и „Pizzoli“. Овие производи дополнително го збогатија изборот во маркетите, овозможувајќи им на купувачите пристап до квалитетни и иновативни артикли, со кои „Тинекс“ се издвојува на пазарот.
Но, компанијата не е насочена само кон комерцијални успеси. Општествената одговорност останува важен дел од корпоративната култура на „Тинекс“ и продолжуваат иницијативи за поддршка на ранливите групи, спортски клубови и сегменти од општеството каде е потребна помош, а еколошката свест се издигна на уште повисоко ниво преку напори за намалување на отпадот преку соработката со „Пакомак“.
Со вендинг машини за рециклирање поставени во маркетите, „Тинекс“ веќе собра и рециклираше повеќе од три милиони пластични шишиња и лименки, придонесувајќи кон зачувување на животната средина.
„Тинекс“ и во периодот што следува ќе продолжи со иновации, новитети и постојана модеринизација, нудејќи им на своите купувачи врвно искуство при пазарувањето.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-
Притвор за малолетникот кој извршил обид за убиство врз 55-годишен маж од скопско
-
Утре сончево и многу топло
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж