Тинејџер се разнесе во седиштето на руската Федерална служба за безбедност
Експлозивната направа која денеска експлодира во седиштето на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во Архангелск, северна Русија, била внесена во зградата од 17-годишен локален жител, кој загинал откако ја активирал, соопшти полицијата.
Според прелиминарните податоци, тинејџерот користел рачно изработена експлозивна направа. Неговиот идентитет е утврден, се наведува во соопштението, во кое нема детали за сторителот.
Тројца вработени од локалната канцеларија на ФСБ беа повредени во експлозијата. На местото работат истражители и криминалисти, кои ги распрашуваат сведоците и собираат материјал за експертиза
Формирано е кривично дело за терористички напад и незаконско носење на оружје.
Случајот ќе биде под истрага од централниот апарат на Истражниот комитет во Москва, кој ќе го истражуваат кругот на познати на момчето и неговите евентуални мотиви, изјави портпаролката на федералната истрага Светлана Петренко.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура
-
Приведена сопругата на д-р Шаини, напаѓачот е во бегство
-
Тема на денот со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР