Тимоние: Време е Македонија да се врати на патот на ЕУ и НАТО
По формирањето на новата Влада, време е Македонија да се врати на патот на ЕУ и НАТО интеграциите коишто никогаш не би требало да ги напушти, но ќе биде потребно време, оптимизам и трпение да се стигне до крајот на тој пат, истакнува францускиот амбасадор Кристиан Тимоние во интeрвју за МИА.
- Време е Македонија да се сврти кон патиштата коишто никогаш не би требало да ги напушти. Формирањето на новата Влада сите го сметаат за престанок на еден период на криза. Нормално е оваа новост да биде споделена од сите нас европејците, од која што сме лично засегнати, како добра вест. Затоа овде повторно се појави оптимизмот и тоа е многу добро, затоа што големите работи неможат да се направат без страст и ниту една реформа неможе да се направи без оптимизам. По периодот на среќа, која ние ја споделуваме, постои и моментот на конкретизирање на работите. Тоа е повторно враќање на патот, но пат за којшто е потребно време да се стигне до крај, вели Тимоние на прашањето колку се реални очекувањата за дебокада на ЕУ и НАТО интеграциите на земјата по формирањето на новата Влада и позитивните сигнали од Брисел.
Во однос на најавата на Владата за нов акциски план за спроведување на итните реформски приоритети кои се еден од условите за добивање безуловна препорака за почнување на преговорите со ЕУ, тој го поздрави фактот што Владата не изгуби многу време за таа област, а доаѓањето на еврокомесарот Хан и неговото учество на владина седница го оцени кака многу важно за одлучноста на македонската Влада да ги спроведе реформите во тесна соработка со ЕУ.
Сепак, смета дека за да се увери ЕУ за посветеноста на реформите потребна е да се усвои декларација во Собранието со која ќе се покаже единство по искажаната определба за ЕУ и НАТО како стратешки приоритети на државта од страна на сите партии во земјата.
- Тоа е една идеја која што порано постоеше, и ако лидерите на политичките партии можат да ја конкретизираат тоа ќе биде добар знак и кон ЕУ, но исто така, добар знак и кон помирувањето во националиот интерес што е повеќе од посакувано. Би кажал дека тука станува збор и за атмосфера и за дух коишто се признаени од ЕУ. Се разбира дека очекуваме конкретни докази, но првиот конкретен чекор беше нормалното фукционирање на Собранието со почитување на правото на секој, но во дух на соработка и со нормално функционирање во рамки на собраниските комисии, со сите права коишто и припаѓаат на опозицијата во една парламентарна демократија. Потоа интеракција помеѓу Собранието и Владата, вели Тимоние.
Францускиот амбасадор при тоа нагласува дека сето тоа одблиску ќе биде набљудувано, а за набљудувачите на македонскиот политички живот, односно дипломатите чиј што глас се слуша во нивните главни градови е да се забележи кој е новиот дух што владее.
Според него, особено ќе треба локалните избори коишто се предвидени за 15 октомври, да се спроведат во услови во коишто ќе нема тензии.
Ново на Сител
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот