Тимерманс: На Турција не и нудиме „беплатно возење“

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс тврди дека со договорот ЕУ-Турција за запирање на приливот мигранти во замена за отстапки кон Анкара, Брисел не и нуди на Турција „бесплатно возење“.
На прес конференција Тимерманс изјави дека Турција мора да примени мерки до крајот на април за да може од крајот на јуни Турците да патуваат во ЕУ без визи.
– Секако, не и нудиме на Турција бесплатно возење, изјави Тимерманс.
Тој додаде дека планираниот договор, со кој мигрантите кои ќе стигнат до Грција ќе бидат враќани во Турција, не значи кршење на меѓународното право. Тимерманс вели дека со договорот „не се врти грб на бегалците“ бидејќи за нив ќе биде овозможена адекватна меѓународна заштита, во ЕУ или во Турција.
– Бегалците ќе се враќаат само во согласност со меѓународните и европски правни рамки...Секој случај мора да се процени одделно во согласност со повелбата за основните права и европските директиви, истакна Тимерманс.
Според него, барателите на азил мора да имаат и целосна можност за поднесување жалба.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
