Тилерсон: Ако не се измени договорот со Иран, САД се повлекуваат
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Иран, доколку текстот од договорот не се измени. На ваквото барање на САД се противат Иран и европските потписнички на договорот.
Во интервју за Фокс Њуз, Тилерсон оцени дека најголема грешка на договорот потпишан меѓу Иран и големите сили во 2015 година е „тоа што има крај“ и поради тоа, со спогодбата само се одолговлекува проблемот.
Во договорот се наведува дека ограничувањата на некои ирански нуклеарни активности постепено се укинуваат од 2025 година.
- Тоа значи дека можеме да почнеме да одбројуваме наназад до моментот кога тие повторно ќе почнат да развиваат нуклеарно воени капацитети, вели американскиот државен секретар.
- Ако сакаме да останеме во договорот, текстот мора да се менува, вели Тилерсон.
Министрите за надворешни работи на земјите-потписнички на договорот (Иран, САД, Кина, Русија, Германија, Франција и Велика Британија) денеска треба да се сретнат на маргините на Генералното собрание на ОН и да разговараат за ова прашање.
Ново на Сител
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ
-
Новогодишната кошница порасна на над илјада производи, пазарните инспектори прават контроли
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија
-
Разбиена криминалната група „Беланоца“, вршеле убиства за суми до 250 000 евра
-
Недостапен е сведокот кој ги поврзал убиствата на Вања и Панче