Тиквешијата одбележа 75 години од загинувањето на Диме Поп Атанасов
Тиквешијата денеска одбележа 75 години од смртта на првата жртва од бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна во Македонија Диме Поп Атанасов-Горски.
На неговиот споменик што се наоѓа меѓу селата Долни и Горни Дисан, цвеќе положија бројни делегации на сојузите на борци од повеќе градови, меѓу кои и делегација на Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија, на чело со претседателката Вера Бундевска.
Претседателот на Сојузот на борци од Неготино Атанас Најдов рече дека Поп Атанасов бил роден 1917 година во Неготинско, а загинал на денешен ден пред 75 години, додека заедно со двајца свои другари биле на партиска задача во селата од Дисанијата. Имале успешни состаноци и разговори со селаните, кога биле наклеветени, по што Поп Атанасов бил смртно погоден и загинал на 24 годишна возраст.
- Така падна првата жртва во Македонија. Смртта на Диме болно се пренесе во непокорената Тиквешија и низ цела Македонија. Неговото подмолно убиство придонесе уште повеќе да се демаскираат бугарските фашистички окупатори и да се прикажат во вистинската светлина, нагласи меѓу другото Најдов.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка