Тие тука го пронајдоа својот мир: Позади оваа снежна фотографија се крие приказна која ќе ви го згрее срцето

На само еден час ипол од Белград, во срцето на Шумадија, во Лапов, постои единствен азил во кој престојуваат пронајдени коњи - злоставувани, запоставени, отфрлени.
Азилот „Старо брдо“ постои околу година ипол дена, и за тоа време низ него минале 40 коњи и магариња, со различни судбини и години. Тие овде добиваат грожа додека не се опорават од претходните повреди и трауми, а потоа им се бара постојан дом и посвотел кој одговорно ќе го чува до крајот на неговиот живот.

На овие прекрасни фотографии за кои е заслужен еден фотограф од НИш, се гледа нивната радост и уживање во снежната покривка во престојалиштето, но ситуацијата за волонтерите не е толку сјајна како што изгледа на фотографиите.

Азил финасиски зависи од поединични донации кои се големи љубители на животни, од кои неопходно обезбедуваат доволно храна и ветеринарна нега за сите шитиеници...

Зимата носи бројни проблеми - кога е студено волонтерите носат вода од своите куќи во големи количини по неколку пати на ден, додека патиштата се често завеани и тешко пристапни, па тоа дополнително прави проблеми во доставувањето на храна.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани го празнуваат Божиќ
-

Кај кого се падна паричката за Бадник во домовите на политичарите?
-

„Празници за сите, Божиќ за сите“, хуманитарна акција во Општина Босилово
-

Се додели орденот за Носител на мир, како и плакети за пријатели на децата
